Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителот Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде брза и целосна
Македонија

Обвинителот Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани ќе биде брза и целосна

16/03/2025

AA

Во изјава за медиумите, јавниот обвинител Љупчо Коцевски вели според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.

Тројца јавни обвинители вршат увид на местото на пожарот во Кочани и ги прибираат сите потребни докази.

Јавниот обвинител најави повеќе информации по завршување на увидот, ќе се издадат наредби и бидат сослушани повеќе лица. 

– Можам да гарантирам дека истрагата ќе биде навистина целосна, брза. Ќе ангажираме вештаци од сите области така што ќе ги видиме причините и ќе видиме чија е одговорноста, рече Коцевски. 

Коцевски кажа дека во моментот јавните обвинители издаваат наредби во однос на одговорноста како хоризонтална, така и вертикална и евентуалните лица што можат да бидат инволвирани и да има одговорност во овој настан.

Инаку, обвинителот не откри колку лица досега се приведени, посочувајќи дека во текот на денот и за тоа ќе биде информирано. 

– Откако Јавното обвинителство е известено формиравме тим од петмина јавни обвинители, со тоа што двајца јавнио обвинители од ОЈО Скопје, еден јавен обвинител од ОЈО Штип и двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани. Дел од обвинителитре се на терен, а другиот дел издаваат наредби за одредени процесни дејства, посочи обвинителот.

Коцевски изрази сочувство до семејствата на загинатите, до граѓаните на Кочани и до целиот македонски народ. – Се работи за голема трагедија, рече тој.

Во пожарот во дискотека во Кочани ноќеска загина 51 лице, а според досегашните информации, 118 се повредени. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy