Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителниот акт за предметот „Адитив“ одобрен во целост
Македонија

Обвинителниот акт за предметот „Адитив“ одобрен во целост

07/05/2025

AA

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“ по што оформен е кривично – правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.

Како што информираа од таму, Советот за оценка на обвинителен акт постапувајќи по Обвинителниот акт во јавноста познат како „Адитив“, по ценење на наводите, како и приговорите на обвинението, донесол решение со кое во целост се одобрува обвинителниот акт.

– Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи по Обвинителниот акт со КО бр. 108/24, во јавноста познат како „Адитив“ по ценење на наводите во обвинението и приговорите на обвинението донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост. Согласно одобрениот обвинителен акт оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 73/25 кој преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а откако ќе биде насрочена главната расправа, терминот ќе биде достапен преку Календарот на судење на веб страната на судот, стои во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 27 февруари годинава поднесе обвинителен акт до Кривичен, против 31 физичко и пет правни лица.

„Врз основа на доказниот материјал прибран во текот на истражната постапка, предметните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесоа Обвинителен акт против 31 физичко и пет правни лица. Според наводите во диспозитивот првообвинетиот сторил кривично дело Несовесно работење во службата, додека шестмина се обвинети за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, на четворица од нив на товар им се става и кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Дванаесет лица се обвинети дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а двајца од нив сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. На четири лица им се става на товар дека ги сториле кривичните дела – Злосторничко здружување и Перење пари и други приноси од казниво дело, додека четворица сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. Останатите четири лица се обвинети за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело“, истакнаа од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy