Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинителката Хаџи Василева грубо ги прекрши одредбите од Законот за кривична постапка
Македонија

Обвинителката Хаџи Василева грубо ги прекрши одредбите од Законот за кривична постапка

15/11/2023

AA

Обвинителката во судскиот процес против Клиниката Жан Митрев и д-р Митрев, Искра Хаџи Василева стори тешки повреди на одредбите од Законот за кривична постапка, оддавајќи тајна и влијаејќи врз исказите на сведоците.

Обвинителката Хаџи Василева им ја прочитала јавно Наредбата за истражна постапка на 30-40 сведоци собрани во една просторија и потоа во присуство на сите останати сведоци му земала исказ на сведокот во кој тој изјавил дека откако ми објаснивте за што се води оваа постапка се чувствувам измамен и оштетен.

Ова го изјави сведокот на обвинителството Томислав Георгиевски на денешното рочиште.
Читањето на описот на дејствијата кои се ставаат на товар пред сведоците е недопуштено според Законот за кривичната постапка и всушност претставува директно влијание на исказот на сведоците и нивна целосна дискредитација. Таквите сведоци не смееле ни да бидат предложени како сведоци.

Спротивно на изјавата во обвинителството, на денешното рочиште овој сведок изјави дека се почувствувал за измамен откако ја примил првата хемофилтрација, па откако му беше предочена од судот изјавата пред обвинителството во која наведува дека се почувствувал за измамен и оштетен откако обвинителството му објаснило за што се води постапката се обиде да ја оправда постапката на обвинителката така што најпрво изјави дека записникот го пишувало обвинителството па погрешно го внела неговиот исказ а потоа дека можеби не бил разбран.

На прашањето од одбраната „Дали исказот во предистрага го дадовте на обвинителката Искра Хаџи Василева?“. Сведокот одговори „Да.“
Потоа продолжи „Не кажав погрешно запишано, туку во погрешен контекст ме сфатиле. Кога нѐ викнаа во обвинителство, 30 – 40 луѓе, обвинителката ни објасни за што е, јас реков дека се чувствувам измамен.“, сведочеше Георгиевски.

Уште поизненадувачки беше фактот што самата обвинителка изјави дека им ја читала на сведоците Наредбата за спроведување на истражна постапка.

Исто така, на денешното рочиште првиот сведок се појави на сведочење со примерок од неговата изјава дадена пред обвинителството како сведок и се обиде да ја чита, но на приговор на одбраната судот ја одзема, па и за ова обвинителката изјави дека таа му ја дала на сведокот изјавата и дека во тоа немало ништо спорно.

Но, и оваа постапка е спротивна на одредбите на Законот за кривичната постапка и претставува влијание врз сведоците.

Професорот Калајџиев од кого побаравме мислење вели: „Не е законито ниту професионално Ј. О. да им сугерира на сведоците дека се измамени односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците а не обратно! Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот а тврдат дека лично ги измамил“.

Денешното испрашувањето на сведоците помина со многу контроверзности, менување искази и недоследности во однос на постапките.
Едниот од сведоците изјави дека и покрај тоа што нејзиниот брат починал во друга приватни клиника, после 2 недели поминати таму, таа оштетно побарување бара само од Клиника Жан Митрев.
„Каде почина вашиот брат?
Во друга приватна клиника.
Таму беше лекуван?
Да.
Оштета барате само од Жан Митрев или и од другата приватна клиника?
Само од Жан Митрев.“, обраната испрашуваше а сведокот одговараше.

Во претходните судења, главниот сведок во своето сведочење наведе дека нејзиниот сопруг самиот барал хемофилтрација и бил одбиен од докторскиот конзилиум на Клиника Жан Митрев, како и тоа дека им се вратени средства од депонираните што не биле искористени за сите пет члена од истото семејство што се лечеле во оваа клиника. А во овој случај, сестрата ја тужи Клиника Жан Митрев за смртта на својот брат, иако тој починал во друга клиника. Третиот сведок суштински го менува исказот кога се почувствувал измамен и оштетен и од што тоа било поттикнато.
Сите имаат оштетни побарување од Клиника Жан Митрев.

Целиот случај против д-р Митрев и Клиника Жан Митрев се води според неосновано обвинение а исказите на сведоците се повеќе го потврдуваат тоа и целосно го разнишаа обвинението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy