Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинители од организиран криминал влегоа во АНБ, почнува увидот во документацијата за прислушувањето
Македонија

Обвинители од организиран криминал влегоа во АНБ, почнува увидот во документацијата за прислушувањето

05/09/2025

AA

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и официјално ја започна предистражната постапка за скандалот со наводното незаконско следење на комуникациите. Тим истражители од Обвинителството денеска влегоа во просториите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за да договорат увид во документацијата поврзана со случајот.

Како што соопштија од ОЈО ГОКК, на средбата била договорена динамиката за спроведување на увидот во обемната и сензитивна документација со која располага АНБ, а која се однесува на известувањата за можни злоупотреби доставени до Обвинителството.

„Во рамките на денешниот работен ден двете институции демонстрираа коректен и професионален однос во насока на ефикасно спроведување на законските надлежности и заштитата на јавниот интерес“, се вели во соопштението.

Од Обвинителството нагласуваат дека увидот ќе трае во наредниот период, бидејќи станува збор за доверливи документи врз основа на кои треба да се обезбедат релевантни докази, а најавуваат и преземање на други предистражни дејствија.

Поради тајноста на предистражната постапка, ОЈО ГОКК упати апел до медиумите и јавноста да се воздржат од прерано изнесување на заклучоци додека трае постапката и не се утврдат фактите.

„ОЈО ГОКК постапува исклучиво врз основа на докази, во рамките на законските процедури и со целосно почитување на правата на сите засегнати страни. Навремено ќе ја информираме јавноста за текот на постапката тогаш кога споделените информации нема да ја загрозат тајноста на предистражните дејствија“, порачуваат од Обвинителството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy