Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинител бара продолжување на притворот за главните инспектори во МВР кои оддаваа тајни на криминална група!
Македонија

Обвинител бара продолжување на притворот за главните инспектори во МВР кои оддаваа тајни на криминална група!

30/01/2025

AA

По тримесечна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против три лица. Обвинетите – двајца главни инспектори во МВР и третообвинетиот, од користољубие, се поврзале со организираната криминална група „Дуќанџик“ која се занимавала со вршење на тешки кривични дела и како припадници со посебна улога за пренесување службени информации прибавувале и пренесувале информации за тековни оперативни и истражни дејствија. Двајцата инспектори, во временскиот период од месец декември 2019 година до месец март 2021 година, преку третообвинетиот кој е во блиска релација со еден од организаторите на криминалната група, прибавувале, соопштувале, пренесувале или на друг начин овозможувале достапност до службени информации, за што биле соодветно наградувани. Неовластеното откривање на податоците што претставуваат службена тајна предизвикало штета во низа постапки на кривичен прогон, а кои постапки се од значење за јавната безбедност, безбедносните и разузнавачките активности на државните органи. Воедно, како резултат на откривање на податоците, прво и третоосомничениот во неколку наврати ја попречиле правдата.

Од направената финансиска анализа на истражители од Истражниот центар при ОЈО ГОКК, утврдено е од 2019 година до крајот на 2024 година првообвинетиот како службено лице вработено во МВР, за време на вршењето на должноста како полициски службеник се стекнал со имот – штедни влогови. Овие влогови, во вкупен износ од 3.371.226,оо денари, во значителна вредност ги надминуваат неговите законски приходи и за истите нема поврзувања со претходни уплати/влогови со кои располагал на сопствените сметки.

Според дејствијата опишани во Обвинителниот акт сите три лица се обвинети дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и продолжено кривично дело Оддавање службена тајна, додека прво и третообвинетиот во стек сториле и кривично дело Оддавање службена тајна со кривично дело Попречување на правдата. На првообвинетиот му се става на товар и кривично дело Противправно стекнување и прикривање имот.

Предметниот обвинител во Обвинителниот акт му предложи на судот обвинетите да ги огласи за виновни и притоа да им бидат одземени движните предмети пронајдени при претресите, а на првообвинетиот да му се конфискува имотот од сметките што ги надминува неговите законски приходи во износ од 3.371.226,оо денари. Доколку не е можно да се конфискува целиот износ од обвинетиот, да се пристапи кон конфискување од имотот сопственост на членовите на неговото семејство.

Имајќи ја предвид запретената казна затвор за кривични дела за кои се обвинуваат, како и непроменетите околности, јавниот обвинител побара од судот на сите тројца да им биде продолжена мерката притвор заради непречено спроведување на постапката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy