Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинетиот за убиството кај Мавровка: Не сакав да го убијам човекот, многу се каам
Македонија

Обвинетиот за убиството кај Мавровка: Не сакав да го убијам човекот, многу се каам

10/03/2025

AA

На денешното судење за убиството кај Мавровка, Елвин Куртовиќ кој е обвинет за убиството на скопскиот бизнисмен, 59-годишниот Васил Ефтимов призна вина.

Обвинетиот Елвин Куртовиќ кој, всушност, издржувал казна затвор, но бил пуштен на викенд и не се вратил во „Идризово“ во дадениот рок изрази жалење за стореното и кажа пред судот дека неколку дена бил под дејство на кокаин.

„Воопшто не се чувствувам добро емотивно, но и психички. Многу се каам за кривичното дело. Не сакав да го убијам човекот. Се случи несреќа. Бев под дејство на дроги неколку денови, навистина. Пред тоа лежев за некакви ситни дела во споредба со ова што сега одговарам. Многу ми е жал, тоа е се што имам да кажам“, изјави Елвин Куртовиќ.

Тој не призна вина за другите две дела „нелегално поседување на оружје“ и „обид за убиство“ на полицајците кои беа во потрага по него на критичниот ден.

Неговата адвокатка Софија Лаличиќ побара најблага можна санкција, бидејќи нејзиниот клиент поради конзумирањето дрога не можел да расудува правилно и да го сфати значењето на своите постапки. Според неа, и државата потфрлила, најпрво што не успеала ресоцијализацијата на Куртовиќ, а потоа што останал на слобода.

„Зошто го кажувам сето ова, за да ја поделам вината за стореното кривично дело на обвинетиот со  државата. Точно тој убил човек. Но, барам еднаш да бидеме одговорни и да им погледнеме на фактите во очи, а тоа е дека во нашата држава многу кривични дела се случуваат затоа што наделжни институции не си ја завршуваат соодветно својата работа“, рече Софија Лаличиќ, адвокатка на Куртовиќ.

Обвинителството очекува најстрога и адекватна казна во крелација со фактот дека обвинетиот е веќе осудено лице. Во четврток ќе биде изречена пресудата. Минималната казна е 10 години, а максималната доживотен затвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy