
Обвинетиот Манев: Палевски запали цигара откако ја уби Вања
На денешното рочиште за двојното убиство на Вања и Панче, обвинетиот Велибор Манев во сведочење вели „Љупло Палевски-Палчо откако ја би Вања, ме натера да ја одлепам ленатата од нејзината уста за да може да ја слика со вперен пиштол, сликата да ја прати на родителите од кои сакаше да побара пари“.
Според обвинетиот, по убиството, Палевски, запалил цигара и го отворил телефонот да види што се случува. Потоа, според него, Палевски извадил нови алати од возилото со кои ги натерал да се откопа дупка и да се закопа Вања.
„Тој човек воопшто не учестуваше во убиствата и да не ја минува истата голгота досега не го спомнав“, додаде Манев.
Пред да ја фрли лопатата, Палчо со средство за чистење ВД-40 ја чистел рачката и металот за да ги сокрие трагите, додаде обвинетиот.