Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обвинение против 59-годишен скопјанец за нацистички поздрав и навреди кон директор на Фондот на Холокаустот
Македонија

Обвинение против 59-годишен скопјанец за нацистички поздрав и навреди кон директор на Фондот на Холокаустот

09/10/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик.

Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија. На 26.12.2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11-ти Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен.

Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил.

Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УЈП: Секоја четврта контрола со утврдена неправилност за неиздавање фискални

07/12/2025
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ, ПА ЈА УЦЕНУВАЛ СО СНИМКАТА Тоа не било

07/12/2025
Македонија

Исчезнат е Зоран Трифуноски од Охрид!

07/12/2025
Македонија

Жена преживеала голгота во Скопје: Се понудил да ја носи

07/12/2025
Македонија

20 ДЕКЕМВРИ Е ВРЕМЕНСКА ПРЕСВРТНИЦА Метеорологот Поповски откри кога може

07/12/2025
Македонија

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на

06/12/2025
Македонија

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ

06/12/2025
Македонија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ

06/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УЈП: Секоја четврта контрола со утврдена неправилност за неиздавање фискални сметки, изречени над 2500 глоби!

07/12/2025

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека во следниот период, а во пресрет на новогодишните празници, ќе се

ЈА СИЛУВАЛ, ПА ЈА УЦЕНУВАЛ СО СНИМКАТА Тоа не било доволно, па барал жена му

07/12/2025

Дваесет и деветгодишен жител на Неготино со живеалиште во Германија е осомничен за две кривични дела – полов напад и

Исчезнат е Зоран Трифуноски од Охрид!

07/12/2025

На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на исчезнато лице Зоран Трифуноски од Охрид. Според информациите, тој е исчезнат

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy