Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обрадовиќ: Ова е страшно – дете ни го плукаше автобусот, а мајка му се смееше!
Спорт

Обрадовиќ: Ова е страшно – дете ни го плукаше автобусот, а мајка му се смееше!

20/06/2023

AA

Огромниот антагонизам помеѓу вечните кошаркарски ривали од Белград и инцидентите што редовно се случуваат на средбите помеѓу овие два тима беше причина за ептен емотивно, речиси до солзи, обраќање на Жељко Обрадовиќ по вечерашниот пораз на неговиот Партизан на гостувањето кај Црвена Звезда (56-68) по кој дојде до изедначување во финалната плејоф-серија за трофејот во АБА (2-2).

Легендарниот тренер не можеше да сфати што се случило во последните три децении во кои од речиси заедничко славење на кошарката на дерби пресметките на кои бил како играч, дошло до смртна омраза помеѓу фановите на двата тима.

„Пред некој ден го гледав финалето помеѓу Партизан и Ц. Звезда од 1987 година во кое учествував како играч, на кое имаше навивачи на двата тима, кои буквално заедно скандираа и се радуваа. Луѓе мои, што ни се случи низ годините за да имаме ваков хаос во 2023 година. Па дете, кое со родителите за рака се движи кон салата, одеднаш почнува да плука кон нашиот автобус, додека мајка му го гледа и се смее. Не ми се веруваше. Сакам да збориме за кошарка, а не за тоа кој кого удрил и што паднало на теренот и кој фрлил. Се молам да дојде време да се пишува само за кошаркарите и нивните мајстории. Кој е тој што сее омраза, тоа е прашање на сите прашања. Тоа е се од мене, навистина немам што друго да кажам“, изјави Обрадовиќ и си замина.

Петтата средба од финалето е закажана за задутре, а домаќин е Партизан и ќе се игра во „Штарк арена“ пред околу 20.000 навивачи на црно-белите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy