Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обновените стари бигорски камбани поставени во манастирот во Рајчица
Македонија

Обновените стари бигорски камбани поставени во манастирот во Рајчица

28/04/2023

AA

Во овој празничен период на пасхално ликување, во Бигорскиот метох, манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, во село Рајчица се случи уште една убава и достофална работа, информираа за МИА од манастирот.

-Со благослов на нашиот старец, епископот Антаниски г. Партениј, кој со сите свои сили ревнува за наш сеопшт духовен и културен препород, во Рајчица повторно одекнаа радосните звуци на старите камбани што низ времињата ѝ биле подарувани на светињата од разни благочестиви дарители, велат од манастирот.

Најстарото ѕвоно датира од 1850 година и на бигорското светилиште му било дарувано од српските кнезови Петар и Андреј со своите сестри Клеопатра и Елена.

– Всушност, Бигорски е првиот манастир во Македонија кој во тоа време успеал да издејствува дозвола од тогашните отомански власти за биење на камбани. За таа цел, бигорските монаси побарале помош и од слободните христијански држави и ваквите даренија се резултат токму на тоа, додаваат од манастирот.

Следната камбана, од 1851 година, на манастирот му ја приложиле Христијаните од дебарското околија, во знак на сеќавање за својата татковина. Заедно со неа во тоа време биле донесени и други две камбани.

Последното, пак, и воедно најголемото ѕвоно од 1925 година е дар од владетелот на Кралството на СХС Александар I Караѓорѓевиќ со својата сопруга Марија и синот Петар.

-Со оглед на тоа што оваа камбана беше значително оштетена и нефункционална, Старецот, водејќи грижа за благолепието на светињите и за заштита и обнова на духовното и материјално наследство, благослови таа да биде целосно реставрирана и повторно вратена во употреба. За тој процес беше ангажирана австриската професионална фирма Grassmayr, со штедрото дарение на благочестивиот наш спомагател Ратко Капушевски со своето семејство, нагласуваат од манастирот.

Денес, откако успешно реставрираната камбана пристигна од Австрија, епископ г. Партениј го изврши чинот на преосветување на обновените и на новите камбани што во меѓувреме беа набавени и посака нивните звуци да ја објавуваат радоста од Воскресението сѐ до второто Христово пришествие.

– Старите и новите камбани беа поставени во новоизградената манастирска камбанарија во Рајчица, откако најнапред, во 2009 година, беше обновена и бигорската камбанарија со цел сет на нови ѕвона. Така, и старите бигорски камбани конечно си го најдоа своето достојно место, изјавија од манастирот.

Манастирот е женски манастир и е еден од најубавите не само во нашата држава, туку и пошироко, кого го посетуваат се поголем број верници и туристи од многу земји во светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy