
Облачно со повремени врнежи од дожд
Облачно со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во недела претпладне ќе има слаб локален дожд, а потоа во следните денови ќе настапи стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.