
Облачно, а кон крајот на денот со врнежи од дожд
Променливо облачно, попладне во западните делови, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре во попладневните часови најпрвин во западните, а во текот на ноќта кон понеделник и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа ќе има преодно стабилизирање на времето до среда кога во попладневните часови ќе има нови врнежи од дожд.

