Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Обезбедена „трикафта“ за најкритичните пациенти, законски измени за итна набавка на лекови од ваков тип
Македонија

Обезбедена „трикафта“ за најкритичните пациенти, законски измени за итна набавка на лекови од ваков тип

16/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека финансиските средства за заболените од цистична фиброза се обезбедени. Добавувачот на лек има обезбедено количини за најкритичните и тие ќе стигнат согласно динамиката што производителот ја кажува, зашто не се работи за лекови кои ги има на залиха, туку се произведуваат по барање и нарачка за точен број пациенти.

Ковачевски очекува поддршка од пратениците за итно донесување на законските измени кои, како што објасни, ќе овозможат директно преговарање за патентираните лекови кои се произведуваат од само еден производител.


Вчера имаше соопштение од Владата во делот на заболените од цистична фиброза дека финансиските средства се обезбедени. Добавувачот на лек има обезбедено количини за најкритичните од единствениот производител. Тие ќе стигнат согласно динамиката што производителот ја кажува, бидејќи тие не се лекови кои ги има на залиха, туку се произведуваат по барање и нарачка за точен број пациенти. Мислам дека тоа што успеале да го испреговараат ќе овозможи да имаме за уште одреден број пациенти лек веднаш, а уште во текот на вчерашниот ден и во изминатите денови тимовите на министерствата за здравство, за финансии и други работат на промените на законите по примерот на другите држави каде што лек што е патентиран и се произведува од само еден производител, да може да се оди со директно преговарање, бидејќи таква законска можност не постои кај нас како што постои во некои околни држави. Верувам дека тоа сите пратеници ќе го поддржат во Собранието и ќе имаме по итна постапка менување на тој дел од Законот за да немаме веќе никакви проблеми во набавка на ваков тип лекови, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на новата градинка во Волково.

Според него, на состанокот со Асоцијацијата на пациентите за цистична фиброза е договорено да се работи заеднички на протоколите за примање на терапијата.


Не е само да ја имаат терапијата, туку мора да се спроведат протоколи во однос на број и место каде таа терапија се прима, дополни премиерот.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од

12/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy