Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Објектите на институциите и спомениците на културата во Охрид ќе бидат осветлени во боите на ретките болести
Македонија

Објектите на институциите и спомениците на културата во Охрид ќе бидат осветлени во боите на ретките болести

01/02/2023

AA

Во рамки на петтата по ред Национална кампања „Ги запознаваме ретките болести“ што ќе се реализира во текот на овој месец, во боите на ретките болести ќе биде осветлена Самуиловата тврдина во Охрид. Илуминацијата на крепоста е предвидена за во 18 часот, а настанот ќе може да се следи во живо на фејсбук-страницата „Ги запознаваме ретките болести“.

Во боите на ретките болести ќе бидат осветлени и зградите на општините Охрид, Дебрца и Струга, спомениците во центарот на Охрид, Спортската сала „Билјанини извори“, како и училишните згради во Охрид. Кон кампањата се вклучи и Општина Охрид, а за поддршка кон лицата со ретки болести и нивните најблиски се огласи и градоначалникот, Кирил Пецаков.

-Само преку заедничка соработка, гласно зборување за ретките болести и поголемо споделување на информации во јавноста, ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците и ќе се обезбеди исполнување на долгорочни цели. Општина Охрид во согласност со програмите и законските регулативи за социјална заштита, во континуитет поддржува активности и проекти за обезбедување подобри услови за лицата со ретки болести. Со цел да им се излезе во пресрет на нивните потреби, да се обезбеди поголема инклузија и да им се овозможи поголем напредок во образованието, втора година по ред доделуваме стипендии за ученици, студенти и магистранти со ретки болести, напиша Пецаков на својот фејсбук-профил.

Тој изрази задоволство што преку таквите мерки општинските власти покажуваат дека може да се најде начин и да се обезбеди скромна поддршка што е од големо значење за тие лица.

-Се надевам дека ќе бидеме позитивен пример и поттик за останатите јавни институции, кои треба да вложат поголеми напори и да ги исполнат барањата на лицата со ретки болести. Охрид и годинава ќе блесне во боите на ретките и ќе испрати јасна порака за поддршка на неуморната борба со предизвиците, кои секојдневно ја водат овие лица и нивните семејства. Посакувам секој зрак светлина да им донесе нова надеж за поубаво утре, подобро здравје и посреќен живот, напиша Пецаков.

Годинешната Национална кампања „Ги запознаваме ретките болести“ ќе биде заокружена со промоција на петтата поштенска марка со ретка дијагноза – „Деца со ретки болести – Ихтиоза“, така што и овојпат Македонија ќе биде единствена земја во светот што и на тој начин ја запознава јавноста за проблемите на граѓаните со ретки болести.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy