
Објавени бројките од пописот на Косово: Многу помалку жители во однос на 2011
Косовската агенција за статистика денеска ги претстави првите конечни резултати од пописот на населението.
Директорот на АСК, Авни Кастрати, во својот говор рече дека во текот на процесот имало вмешаност на политичари и многу познати личности.
„Пописот од 2024 година покажува дека Косово има 1.586.659 жители. Верувам дека регистрацијата ја постигна целта, и помина според очекувањата“, рече Кастрати.
Тој изјави и дека кадарот бил подготвен и активен во процесот на попис на населението.
Според првиот попис, спроведен по прогласувањето на независноста во 2008 година, во 2011 година, постојаното население на Косово изнесувало 1.739.825 жители.