Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД РАЗГОВОРОТ МЕЃУ ШЕФОТ НА СТАНИЦАТА И МАШИНОВОЗАЧОТ – еве што точно се зборувало пред страшната сообраќајна несреќа
Регион

ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД РАЗГОВОРОТ МЕЃУ ШЕФОТ НА СТАНИЦАТА И МАШИНОВОЗАЧОТ – еве што точно се зборувало пред страшната сообраќајна несреќа

02/03/2023

AA

Неверување, очај и гнев владееја во Грција откако десетици луѓе загинаа во најтешката железничка несреќа во историјата на земјата. Најмалку 43 лица загинаа во несреќата, која се случи на 534 километри северно од Атина, кога брз патнички воз кој се движел кон Солун се судрил со товарен воз што доаѓал на истата пруга, а потоа излетал од шините и се запалил.

Преживеаните патници од брзиот воз, во кој се превезувале околу 350 луѓе, изјавиле дека се сеќаваат само на возот кој ненадејно запрел, по што вагоните биле зафатени од пламен. Многумина се спасија од пламените јазици преку прозорците, а други беа исфрлени од возот при судирот и паднаа на оддалеченост од 40 метри. Од 72 хоспитализирани патници, 15 се отпуштени, а 57 се уште се хоспитализирани, од кои шест на одделението за интензивна нега.

Огромното мнозинство на жртви се на возраст од 21 до 26 години. Во особено тешка состојба се еден млад човек во Општата болница во Лариса и две девојчиња во Универзитетската болница. Акцијата за извлекување луѓе од остатоците од вагоните продолжува и утринава. Локалните власти стравуваат дека бројот на загинати би можел да биде поголем, бидејќи околу 50 семејства се уште не ги пронашле своите најблиски.

Шефот се соочува со сериозни обвиненија. Се бранеше со замор

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис зборуваше по посетата на местото на судирот на патнички и товарен воз синоќа. Шефот на локалната железничка станица беше обвинет за убиство од небрежност, додека грчкиот министер за транспорт поднесе оставка.

По посетата на местото на несреќата, грчкиот премиер изјави дека се упатува на трагична човечка грешка. „Правдата ќе си ја заврши работата“, рече тој во телевизиско обраќање.

59-годишниот шеф на сигналната станица е уапсен и обвинет за убиство од небрежност. Денеска ќе биде изведен пред истражителите и признал дека направил грешка, пренесува ЕРТТ. На сослушувањето тој наводно рекол дека „можеби погрешно постапил“. Напомена и дека „имал многу работа“ и дека е „уморен и преоптоварен“.

Според неговите тврдења, имало оштетување на столбот на ППЦ кај Палеофарсалос и затоа патничкиот воз бил пренасочен на линијата за симнување, за да се избегне струен удар. Возот се вратил на влезната линија и набргу после Лариса, на точката 118 А, повторно бил воден на линијата за симнување, каде се наоѓал друг воз, по што дошло до судирот.

Членовите на синдикатот на железничарите сметаат дека безбедносните системи не функционирале како што треба. Тие наведуваат дека со години предупредуваат на проблеми.

Објавена е снимка од разговорот меѓу началникот на станицата и машиновозачот

Објавена е и аудио снимка од дијалогот меѓу шефот на коловозот и машиновозачот непосредно пред судирот на двата воза.

Возачот: Слушаш, Лариса?

Шефот на станицата: Слушам. На бројот 47 поминувате на црвениот излезен семафор до новиот влезен семафор на Порос.

Возачот: Василиј, заминувам?

Шефот: Одете, одете.

Возач: Отидов.

Шефот на станицата: Среќно.

Вработен во железничката станица: Василиј, да се вратам?

Шефот: Не, не вака затоа што следи 1564.

Вработен во железничката станица: Готово, добро, ќе го оставам дијагонално како што е ппоставено.

Индекс.хр

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy