
ОБЈАВЕНА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ХРВАТСКА – Најдобро платени се вработените во авиоиндустријата
Како што објавуваат локалните медиуми, просечната нето плата во Хрватска исплатена во месец мај се зголемила и сега изнесува 1.133 евра.
На годишно ниво ова е номинално повисоко за 11 отсто, а реално за 2,9 отсто, покажуваат податоците на Хрватскиот национален завод за статистика (ДЗС).
Според податоците објавени денеска, просечната плата од 1.133 евра е номинално за еден отсто повисока, а реално за 0,5 отсто во однос на претходниот месец, поточно во однос на април.
Највисока просечна месечна нето-плата е исплатена во авио индустријата и изнесува 1.962 евра, а најниска е во индустријата за производство на облека и изнесува 747 евра.
Хрватска пресметува и медијална нето плата, која во мај изнесувала 970 евра, што значи дека половина од вработените имале помала плата од споменатата, а останатата половина над таа сума.
Просечната месечна бруто-плата по вработен кај правните лица во мај изнесува 1.562 евра, што е номинално за 1 отсто, а реално за 0,5 отсто во однос на април.
На годишна основа просечната бруто плата е номинално повисока за 12,7 отсто, а реално за 4,4 отсто, пренесе Хина.
ФОТО: Unsplash/Vlado Sestan

