Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година
Македонија

Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година

14/07/2023

AA

Министерството за образование и наука денеска го објави  Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година.

Според Конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни се вкупно 4480 места за сместување студенти во домовите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

Од нив, 1093 се за студенти запишани во прва година и 3385 за запишани од втора до шеста година на студии и за апсолвенти.

Во домовите во Скопје, 1178 легла има во „Гоце Делчев“ (од кои 235 за бруцоши и 941 за студенти од повисоките години на студии); во „Стив Наумов“ – трета зграда има вкупно 369 и за нови бараки 138; во „Пелагонија“ има вкупно 997 места и 370 во  „Томе Стефановски-Сениќ“.

Во ДСД „Кочо Рацин“ во Битола се слободни вкупно 385 места; 242 во ДСД „Никола Карев“ – Охрид; 335 во „Орде Чопела“ – Прилеп.

Во државниот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип има места за сместување 236 студенти, а места има и во два приватни дома во Штип – 60 во ПСД „Хилјадников“  и 52 во ПСД „Логос’.

Во ПСД УЈИЕ Тетово има вкупно 120 места за сместување студенти во академската 2023/2024 година.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот http://e-uslugi. mon. gov.mk

Во Конкурсот се појаснети  начинот на распределба на местата во домовите за студенти, условите и постапката за прием, начинот на електронското пријавување и документите потребни за аплицирање.

Документите се прикачуваат електронски почнувајќи од 17 до 31 јули 2023 година, а студентите од прва година документите ги прикачуваат почнувајќи од 1 до 11 септември 2023.

Конечниот список за прием на студентите од втора и повисоките години ќе биде објавен на 5 септември 2023, а за студенти од прва година на 30 септември 2023.

Списоците ќе бидат објавени на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб-страницата на Министерството.

Приговорите  по резултатите се доставуваат во самиот дом каде што имаат аплицирано  во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Во однос на роковите за сместување, во Конкурсот е наведено дека студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега

10/08/2026
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44941
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во домови и две тешки сообраќајни

10/08/2026

Изминатиот викенд во земјава беше одбележан со серија трагични настани во кои четири лица го загубија животот. Полициските билтени регистрираа

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое

10/08/2026

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy