Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЈ Е МЕРГИМ ЉУШТАКУ, ПРАТЕНИКОТ ШТО ГО ПОЛИ КУРТИ СО ВОДА? Неодамна беше во друштво на екс-претседателот на САД, Бил Клинтон
Регион

КОЈ Е МЕРГИМ ЉУШТАКУ, ПРАТЕНИКОТ ШТО ГО ПОЛИ КУРТИ СО ВОДА? Неодамна беше во друштво на екс-претседателот на САД, Бил Клинтон

14/07/2023

AA

Во кратката официјална биографија стои дека Мергим Љуштаку, пратеникот кој фрли вода
врз премиерот Аљбин Курти, е роден во 1986 година во Скендерај (Србија) и е
член на повеќе собраниски комисии.

Меѓу последните објави на Инстаграм профилот на пратеникот Љуштаку е неговата фотографија со
поранешниот американски претседател Бил Клинтон и честитка до САД за Денот на
независноста 4 јули.

„Ги поздравувам сите оние кои веруваа во ослободувањето на
Косово, иако беше тешко да се поверува во околностите кога месарот на Балканот
ги имаше лостовите на српската држава. Ги поздравувам и оние кои не веруваа во
некој корисен процес за Косово и кои денес не веруваат во сојузот со САД, со
оваа фотографија со Бил Клинтон, 42-от претседател на САД. Историјата што е
заборавена може да се повтори! Среќен 4-ти Јули, Денот на независноста на
САД!“, стои во објавата на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Mergim Lushtaku (@mergimlushtaku)

А меѓу „постарите објави“ е и фотографија со бизнисменот
Беџет Пацоли.

Во Лугано, Швајцарија, заедно со хуманиот, успешен
бизнисмен, пратенички колега, докажан човек, кој на Косово му донесе инвестиции
и многу признанија, пишува во таа објава.

Тој е член на
Демократската партија на Косово, партија која сега ја води Мемли Красниќи, а чии
претходни лидери исто така беа обвинети од Хаг, Хашим Тачи и Кадри Весељи.

По повод
вчерашната тепачка во Собранието на Косово меѓу пратениците на ДПК и
Самоопределување, Љуштаку преку објава на Фејсбук порача дека на владата на Албин
Курти треба да ѝ се каже „стоп“, односно „измамниците да се тргнат
од власт и да се оди на вонредни избори“.

Тој изјави дека
по насилството во парламентот извршено од владата на Курти, добил „илјадници
телефонски повици и пораки на кои не можел да одговори“.

Во друга објава
покажа и фотокопија од поканата да се пријави во обвинителството за настаните
во Собранието, како и снимка кога министерот и технички преговарач во Брисел,
Бесник Бесљими го удира со шише.

Физичката
пресметка во Собранието на Косово почна кога вицепремиерот Бесник Бисљими го
искина плакатот „здраво“ што го поставија пратениците од опозицијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy