
ОЈО: Во тек се повеќе полициски и други дејствија!
Од Основното јавно обвинителство потврдуваат дека во тек е меѓународна акција.
„Во тек се дејствија на меѓународен заеднички истражен тим, кој на наша територија е координиран од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Во тек се повеќе полициски и други дејствија и во овој момент не можат да бидат споделени повеќе детали за да не се наруши постапката.
Штом завршат оперативните дејствија, вклучените институции координирано ќе ја информираат јавноста“, велат од таму.
