Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО: Во 2022 година се евидентирани четири случаи поврзани со напади врз новинари
Македонија

ОЈО: Во 2022 година се евидентирани четири случаи поврзани со напади врз новинари

03/05/2023

AA

Согласно статистиката на Јавното обвинителство, во 2022 година на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани четири случаи поврзани со напади врз новинари, од кои три се решени.

Како што појаснуваат од ОЈО, станува збор за случаите кога ОЈО Гостивар постапуваше против едно лице за физички напад врз новинар со секира, за кој по поднесено обвинение изречена е пресуда за кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик. Обвинение за напад врз новинарска екипа на ОЈО Скопје, за кое по признание на вина беше изречена пресуда за кривично дело од член 386 од Кривичниот законик и предметот на ОЈО Скопје, за закани против новинар преку анонимен профил на една социјална мрежа, кој донесе резолуција дека нема можност за јавнообвинителско постапување, бидејќи од социјалната мрежа беше добиен одговор дека не може да се идентификува корисникот на профилот од каде се упатени заканите и кој во меѓувреме е згаснат.

– Нерешен останува еден предмет на физички напад на новинар, во кој Основното јавно обвинителство Битола интензивно ги издава сите наредби за идентификација на сторител на кривичното дело. Издадени се наредби за вештачење, за обезбедување и прегледување на снимки од видео надзор, барања до мобилни оператори и насоки за обезбедување други докази. Сторителите се уште не се идентификувани, велат од ОЈО.

Оттаму дополнуваат дека од почетокот на годинава се регистрирани уште два предмети во надлежност на ОЈО Скопје, од кои во еден е поднесено обвинение, а другиот е во предистражна постапка.

Назначувањето на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за координација на предметите поврзани со безбедноста на новинарите е нотирано во најновиот Глобален индекс за слободата на медиумите на организацијата „Репортери без граници“, објавен по повод 3 мај – Денот на слободата на медиумите.

Со индексот земјава е рангирана на 38 место во светот според медиумските слободи, што претставува скок од 19 позиции во однос на минатата година и најдобар ранг од сите земји во регионот.

– Во главниот град е назначен посебен обвинител за координација на предметите поврзани со напади врз новинари, а се разгледува можноста за слични назначувања и во други градови во земјата, се наведува во извештајот на „Репортери без граници“ за Македонија.

Основниот јавен обвинител на скопското обвинителство назначи посебен јавен обвинител да го следи и да го координира постапувањето во предметите кои се однесуваат на безбедноста на новинарите. Во статистиката на овој тип кривични дела се вбројуваат оние кривично-правни настани во кои новинарите се оштетени при вршење на нивната новинарска должност, односно постојат индиции дека нападот е поврзан со вршењето на новинарската професија. Но, исто така, Јавното обвинителство проактивно го следи постапувањето и во предметите каде новинарите не се оштетени, туку се пријавени лица или повикани за сведоци во одредени постапки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy