Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО Скопје издаде наредба за запирање на истражната постапка за „Делчевски ниви“
Македонија

ОЈО Скопје издаде наредба за запирање на истражната постапка за „Делчевски ниви“

19/10/2023

AA

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за запирање на истражната постапка против седум лица, од кои две осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, додека останатите им помогнале во извршувањето на делото.

Станува збор случајот познат како „Делчевски ниви” за земјиште во Делчевско што го купила „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од пазарната вредност.

Постапката, како што информираат од ОЈО Скопје, е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, за што веќе е оформен и предмет за давање на лажен исказ.

На двајцата првоосомничени им се ставаше на товар дека во текот на 2021 година заеднички, во вршење на службата, со намера за друг да прибават противправна имотна корист, ги довеле во заблуда членовите на Управниот одбор на оштетеното правно лице – ЕВН Македонија АД Скопје, а потоа и овластено лице да извршат незаконита исплата во постапка за купување недвижен имот – земјиште со намена за изградба на фотонапонски волтаици. Притоа не ги почитувале и ги заобиколиле интерните постапки во работата на правните лица, не ги извршиле неопходните претходни проверки кои што биле должни да ги извршат и со тоа делувале ЕВН АГ АВСТРИЈА, во својство на доминантен акционер во ЕВН Македонија АД Скопје да ја оцени како исплатлива-погодна и да ја одобри инвестицијата за купување недвижен имот, односно вкупно 48 катастарски парцели во неколку катастарски општини.

– Основ за поведување на постапката за кривично дело, чие битие се заснова на доведување во заблуда на овластените лица да извршат незаконита исплата, беа првичните искази на членовите во Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје, кои тврдеа дека не би гласале за одлуката за купување доколку ги знаеле фактите во врска со дел од предметните парцели, поточно дека се работи за земјишта-шуми, земјишта со непристапен пат и земјишта кои се наоѓаат во заштитено подрачје, информираат од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител во текот на постапката ја прибра целокупната документација поврзана со носењето на одлуките и со склучувањето на договорите за купување на парцелите, која беше предмет на вештачења. Дополнително, беа извршени распити на сите лица кои имаа определени сознанија.

– Меѓутоа, во текот на истражната постапка, членовите на Управниот одбор го сменија својот исказ и изјавија дека откако ги разгледале прибраните докази сметаат дека не биле доведени во заблуда и не биле измамени од осомничените во поглед на постапката и дека повторно би го одобриле купувањето на предметниот имот. Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје именуван од страна на Владата изјави дека правното лице не е оштетено преку дејствијата на осомничените и дека во случајот нема незаконита исплата. Имајќи ја предвид изјавата на застапникот и воедно заштитникот на државниот капитал во правното лице ЕВН Македонија АД Скопје, која во конкретниот случај е круцијална за докажување на заблудата како обележје на кривичното дело, јавниот обвинител во предметот донесе одлука за запирање на истрагата, велат од ОЈО Скопје.

Со оглед на тоа што во дел од исказот пред јавен обвинител застапникот на државниот капитал презентираше и лажни факти во поглед на извршените претходни проверки на земјиштето кое било предмет на купопродажба, Основното јавно обвинителство Скопје за овој дел од исказот оформи предмет со кој поведува постапка против овој сведок за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 од Кривичниот законик.

– Тој исказ пред јавниот обвинител, иако обвинителството смета дека е лажен, не влијае во конкретната постапка која е запрена, бидејќи членовите на Управниот одбор во текот на постапката се премислија и сега категорично негираат дека биле во заблуда или измамени за да одобрат купување на земјиштата, информираат од ОЈО Скопје.

Станува збор за земјиште во Делчевско што го купила „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од пазарната вредност. Лицата што ѝ ги продале нивите на компанијата ги добиле на подарок неколку недели претходно. Истрагата опфати купопродажба на 48 парцели чија пазарна вредност обвинителството ја процени на речиси 35 000 евра (2 146 723 денари), а биле продадени на ЕВН Електрани за 1,6 милиони евра (99 431 060 денари).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy