
ОЈО: Претреси во Скопје поврзани со поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
Основното јавно обвинителство во Скопје, заедно со Управата за финансиска полиција, преземаат дејствија за обезбедување докази во случај поврзан со кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.
Во рамки на истрагата, се изведуваат претреси на неколку локации во Скопје, за кои е обезбедена наредба од судија на претходна постапка.