
ОЈО: Претреси на повеќе локации низ Македонија!
Основното јавно обвинителство преку кратко соопштение информира дека моментално се вршат претреси на повеќе локации низ Македонија.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден“, велат од ОЈО.
Ова следува по големата полициска акција во која сузбиена е мрежа која набавувала сомнителен мазут, а преку истиот испумпала над 10 милијарди денари.