
ОЈО на терен во скопско Волково – телата одат на обдукција!
Јавен обвинител, полициски и други увидни екипи вршат увид на лице место и ги преземаат сите дејствија за расчистување на настанот.
Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење.
Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот.
