
ОЈО Куманово отвори постапка за говор на омраза на кошаркарскиот натпревар со Романија
Основното јавно обвинителство Куманово започна постапка поради скандирањата со говор на омраза на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија.
Обвинителството до СВР Куманово испратило повеќе наредби и насоки за испитување на можни елементи на кривично дело. Издадена е и наредба за обезбедување на снимките од видео надзор, со цел идентификација на засега непознатите лица кои упатувале навреди и омаловажувачки пораки.
Истражните органи ќе работат на утврдување на одговорноста и можните кривични импликации од инцидентот.