Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОЈО Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа кај Табановце
Македонија

ОЈО Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа кај Табановце

21/01/2024

AA

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.

По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил “Опел инсигниа” со српски регистарски таблици. Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала.

Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и за испитување на примероци од крв и урина на другите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди. Прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
Македонија

Уапсени две лица во Скопје, си ги криеле регистарските ознаки!

14/02/2026
Македонија

НАДМУДРУВАЊЕ СО „СЕЈФ СИТИ“ Се обиделе да ги прикријат таблиците,

14/02/2026
Македонија

ВИДЕО Тивките чувари на минатото: Како во Државниот архив се

14/02/2026
Македонија

Жителите на Блатец со жив штит против изградбата на хидроцентрала

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41476
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026

Дваесет и осумгодишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена за 3.000 евра, откако поверувала во понуда за заеднички бизнис.

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје ќе го испитува потеклото на

14/02/2026

Иако заматеноста на водата во струшкиот водовод постепено се намалува, забраната за нејзино користење за пиење и натаму останува на

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026

На вчерашното рочиште за случајот „Онкологија“ се одвиваше критичен дел од доказната постапка, во кој стручниот сведок од Словенија, Маја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy