
ОЈО Кочани со предлог за мерки за претпазливост за 19-тиот осомничен во случајот со дискотеката „Пулс“
Основното јавно обвинителство Кочани денеска достави предлог до Основниот суд во Кочани за определување мерки за претпазливост против последниот, 19-ти осомничен во проширената истрага за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“.
Според неофицијални информации, станува збор за актуелниот амбасадор на Македонија во Норвешка, Дритон Кучи, кој во минатото ја извршуваше функцијата министер за економија.
Обвинителството не го открива идентитетот на осомничениот, но посочува дека во тек е постапка за утврдување на неговата евентуална одговорност во врска со настанот.