
ОЈО: Истрага против 52-годишен дилер на дрога во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за две одвоени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 27 септември, под возачкото седиште во автомобил, осомничениот 52-годишник држел пет ќесички марихуана со вкупна […]
