
ОЈО ГОКК се огласи за акцијата: Се „чешлаат“ Скопје и Куманово поради финансиски криминал
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) официјално ја потврди големата полициска операција која е во тек. Од Обвинителството информираат дека од ноќеска се вршат претреси и активности на повеќе локации во Скопје и Куманово.
Акцијата се реализира под директно раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, а на терен ја спроведуваат полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) – МВР.
Од Обвинителството кусо ја посочија причината за масовните претреси.
Со оглед на тоа што операцијата е сè уште активна, од Обвинителството најавија дека повеќе детали за осомничените и за пронајдените докази ќе бидат споделени со јавноста веднаш по завршувањето на теренските активности.
