Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЈО: Имало присуство на алкохол кај возачот на автомобилот во кој загинале сопругата, ќерката и мајката на сопругата
Македонија

ЈО: Имало присуство на алкохол кај возачот на автомобилот во кој загинале сопругата, ќерката и мајката на сопругата

03/06/2023

AA

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и увидни екипи на МВР извршија увид на автопатот Штип-Миладиновци, каде вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубија три лица.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „Шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале кон Скопје по веселба во Кочани, започнал да претекнува возило „Тојота“ со кочански регистарски ознаки во кое се превезувале две лица.

Во моментот на престигнувањето, возачот на „Шевролетот“ загубил контрола врз возилото, па најпрвин удрил во левата банкина, а потоа се одбил и удрил во автомобилот кој паралелно го претекнувал. Како последица на сударот, двата автомобила се превртеле во канал покрај патот, при што животот го загубиле три лица од скопскиот автомобил – сопруга, ќерка и мајка на сопругата на возачот. Останатите четворица учесници во несреќата се здобиле со телесни повреди, при што најтешки повреди се констатирани кај сопатникот во кочанското возило.

Јавниот обвинител веднаш издаде наредби за испитување на целиот настан. Првичното тестирање кај возачот на автомобилот „Шевролет“ покажало присуство на алкохол, но дополнително, со цел да се утврди точниот процент, земени се примероци од крв за анализа. На местото на несреќата беше повикан сообраќаен вештак, а обвинителството ќе издаде наредба за комплетно сообраќајно вештачење. Се обезбедува целокупна медицинска документација за повредените и починатите во несреќата. По целокупното испитување на настанот, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy