Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Џо Бајден денеска пристигнува во Северна Ирска
Македонија

Џо Бајден денеска пристигнува во Северна Ирска

11/04/2023

AA

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во посета на Северна Ирска, објави Ројтерс. Тој ќе биде во Белфаст денеска и утре, бидејќи Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор со кој заврши 30-годишниот крвав конфликт таму.

Бајден, кој со децении е познат по своите проирски ставови, утре ќе зборува со претставници на сите политички партии и ќе одржи говор на Универзитетот во Алстер

Ова е прва посета на американски шеф на држава на Северна Ирска во последните 10 години.

По Северна Ирска, Бајден ќе ја посети Ирска, каде ќе разговара за блиската билатерална соработка за низа глобални прашања

Бајден има ирски корени. Неговиот пра-прадедо по мајка, Џејмс Финеган, емигрирал од Ирска во Соединетите држави во годините на гладот ​​1845-1852 година, во кои над 1 милион луѓе умреле од глад на островот.

Посетата на Бајден на Северна Ирска доаѓа во чувствителен момент кога про-британските унионисти лојални на Лондон продолжуваат да го бојкотираат договорот за заедничко владеење на покраината, кој беше фундаментален дел од Договорот од Велики петок кој стави крај на конфликтот во Северна Ирска во 1998 година. веќе истакна дека посетата на Бајден нема да ги принуди да го прекинат протестот против трговските правила по Брегзит, кои ја третираат покраината поинаку од ОК.

Во пресрет на посетата на Бајден на Северна Ирска, во северноирскиот град Дери/Лондондери избија протести и судири со полицијата, при што демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полициските автомобили, јави ДПА. Ова ја илустрира тензијата во селата.

Вчера Северна Ирска ја одбележа 25-годишнината од крајот на конфликтот. По повод годишнината, поддржувачите на идејата за независност на покраината организираа протестен марш, кој се претвори во употреба на молотови коктели против полицијата.

Посетата на Бајден на Северна Ирска и Ирска ќе трае 4 дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОД СИЛНИТЕ УДАРИ ЛИЦЕТО Ѝ БИЛО ДЕФОРМИРАНО Брутално претепана жена

27/11/2026
Македонија

Ѝ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ ДОДЕКА ПИЕЛА КАФЕ, ПА Ѝ

27/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ БОТУН, ПАДНАТО ДРВО ГО БЛОКИРА

27/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЗЕЛЕ ПЛАТА, А ВООПШТО НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА Пријавен

27/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НАЈДОЛГО ЧЕКА, ЧУВСТВУВАМ НАЈГОЛЕМА БОЛКА ЗА НЕА Пирц-Мусар се

27/11/2026
Македонија

СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ОГРАБЕНА ЗЛАТАРНИЦА ВО КУМАНОВО Сторителите однеле злато,

27/11/2026
Македонија

БИ САКАЛ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ВО ЕУ, НО ТАА МОРА

27/11/2026
Македонија

„СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА НЕ НÈ ОСТАВИЈА САМИ НА ПАТОТ КОН

27/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46971
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy