
Нуркачки тимови од Тигрите се вклучуваат во потрагта по 30 годишникот кај браната Глажња
Три нуркачки тима на САЕ Тигар за кратко ќе ја продолжат потрагата по лицето кое вчера исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковско.
Во попладневните часови вчера во Центарот за управување со кризи во Куманово, пријавено е дека едно лице кое влегло во езеро да се бања, му се изгубило трага.
Во горна Брана – Глажња лицето со иницијали Ф.Р од село Никуштак на возраст од околу 30 години, влегол во езерото и истиот не се вратил назад од езерото.
Глажња (или Глажњанско Езеро) — вештачко езеро на Липковска Река, 17 км од Куманово во северниот дел на Македонија. Името го добило по селото Глажња.
Голема акција во Македонија: Се трага по 30 годишник, влегол во езеро и не се вратил
