Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НСЕИ едногласно ги усвои препораките на ИДУЕП од Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес“
Македонија

23/02/2023

AA

Националниот совет за евроинтеграции денеска ја одржа Деветтата седница, на која беше презентирана Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес” изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).

Седницата ја предводеше претседателот на НСЕИ, пратеникот Александар Николовски, а со свои дискусии и сугестии учествуваа: Гордана Сиљановска-Давкова, пратеничка и членка на НСЕИ; Фиснике Бектеши-Шаќири и Здравко Трајанов, пратеници и заменици-членови на Советот, Миќо Стојаноски, претставник од Сојузот на синдикати на Македонија, како и пратениците Бојан Стојаноски и Санела Шкријељ.

Анализата со заклучоците пред Националниот совет ја презентираше Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, кој информираше дека Проектот бил спроведен од март до декември 2022 година со учество од над 30 младински организации, со цел подигнување на јавната свест за проблемот со младинската невработеност, утврдување на пречките кои постојат на пазарот на труд, олеснување на вклучување на младите на пазарот на труд преку поголемо јавно говорење и застапеност на темата за младинска (не)вработеност во јавноста, како и утврдување на клучни мерки преку заклучоци и препораки за долгорочни ефекти и најдобри резултати при младинското вработување.

Учесниците во дискусијата се осврнаа на прашања кои се однесуваа на селективност на институциите во управувањето со младинските политики, проблемот со иселувањето на младите, операционализација на плановите за реализирање на приоритетите на младите, можности за уредување на младинските политиките по примерот на високо развиените земји, ревидирање на Законот за работни односи во однос на прашања поврзани со младите, креирање на стратешки пристап за вработувањата, деполитизација на процесот на вработување, воспоставување мерит систем при вработување и издвојување на поголем државен буџет за науката и образованието.

Во текот на двочасовната расправа, беа отворени прашања и изнесени мислења за предизвиците за младите во поглед на невработеноста, реформата на образовниот систем, потребата за спроведување на ветинг во образованието и надворешна реакредитација на образовните институции во земјата. Беше покренато прашањето и за потребата за формализирање на Клубот на младински прашања и политики во Деловникот за работа на Собранието.

На седницата на Советот присуствуваа и Н.Е. Биби Грамсон, заменик-амбасадорка на Кралството Шведска, земја актуелен претседавач со Советот на Европската Унија (ЕУ) и Марина Курте, советничка за правни прашања и евроинтеграции како претставничка од Делегацијата на Европската Унија во земјата.

На крајот на седницата, Националниот совет за евроинтеграции едногласно одлучи анализата на ИДУЕП со заклучоците и препораките, заедно со стенографските белешки од Деветтата седница на Советот, да се достават до Владата за нејзино информирање и натамошно постапување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy