НОВОГОДИШНАТА МАГИЈА ВО БЕЛГРАД ОСТАВА БЕЗ ЗБОРОВИ: Погледнете ја српската престолнина во празничен дух
Белград нуди голем број атракции и интересни работи во наредниот период, поточно за време на новогодишните и божиќните празници.
Во текот на целиот декември, но и во првата половина на јануари следната година, главниот град на Србија се претвора во престолнина на празничната еуфорија и божиќната магија.
Зимска бајка
Во Белград на 6 декември, се отвори најголемиот новогодишен базар Зимска бајка во белградскиот Сава парк на вода.
Со слоганот „Магијата е тука!“, Сава Парк ќе стане место од магични празнични филмови и бајки, од 6 декември до 5 јануари следната година, каде посетителите ќе можат да уживаат и во својата омилена музика во автентична атмосфера. Новогодишниот базар нуди други неизбежни зимски активности како лизгање на мраз и дружење со Дедо Мраз.
Паркот Сава ќе биде поделен на неколку зони, каде секој ќе може да најде атмосфера за себе и за своите сетила. Авантуристите, романтичарите и најмладите посетители можат да одат на големото лизгалиште Ice Kingdom или во Магичниот лавиринт.
Фото: Зимска бајка