Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ново зголемување на цените на горивата од полноќ
Македонија

Ново зголемување на цените на горивата од полноќ

17/02/2025

AA

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 10.02.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,961%, кај дизелот за 2,131%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,031% и кај мазутот намалувањето е за 2,270%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0097%.

Од 18.2.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,209 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,802 ден/кг и сега ќе изнесува 47,209 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.2.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати

04/11/2026
Македонија

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката

04/11/2026
Македонија

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА

04/11/2026
Македонија

БРИСЕЛ ГИ ПРЕПОЗНА ЗАКОНСКИТЕ РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Позитивно оценети законите

04/11/2026
Македонија

КОРИДОРИТЕ 8 И 10 СЕ ВАЖНИ И ЗА ВОЕНАТА МОБИЛНОСТ

04/11/2026
Македонија

НЕГИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД БУГАРИЈА Е ПОЛИТИЧКИ ГОВОР НА

04/11/2026
Македонија

СО ГОДИНИ МЕСТЕЛЕ ПОДАТОЦИ ВО Е-ИНДЕКСИ, ЗАРАБОТИЛЕ 21.000 ЕВРА Под

04/11/2026
Македонија

ВО КУМАНОВКИОТ СУД ИМА НЕСОГЛАСУВАЊА, А НЕДОСТИГА КАДАР Судскиот совет

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46580
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА МАНИПУЛАЦИИ СО Е-ИНДЕКСИТЕ ДОБИЈА ПРИТВОР Судот го прифати предлогот на Обвинителството

04/11/2026

Двајцата осомничени за манипулации со електронските индекси на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип добија осум дена притвор. Судија на претходна

СМРТНИ ЗАКАНИ, РАСПРАВИЈА И ПРИЈАВА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Девојката успеала да избега од прозорец,

04/11/2026

Смртни закани, физички напад, оштетен телефон и бегство низ прозорец ѝ претходеле на трагедијата кај Богданци. На 3 октомври во

НА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Ѝ ПРЕТХОДЕЛЕ СМРТНИ ЗАКАНИ И РАСПРАВИЈА Девојката избегала низ прозорец со

04/11/2026

Запалениот автомобил кај Богданци, во кој беше пронајдено тело открива и претходна пријава за насилство со вознемирувачки детали. Според новото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy