
НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Се зголемија цените на златото и пченицата
Златото и пченицата поскапеа на светските берзи, а кај нафтата имаме обратен тренд, односно цената се намали.
Цената на златото се зголеми на 2.618,53 долари за унца, а на пченицата на 5,7190 долари за бушел. Вредноста на еврото во однос на доларот е 1,11240, што е за приближно 0,35 отсто пониско од петокот.
Цената на суровата нафта се намали на 70,9 долари за барел, а на нафтата од типот брент на 74,4 долари.
foto freepik.com