
Ново обвинение против Максим Димитриевски
Актуелниот градоначалник на Куманово, и кандидат за претседател од движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски доби ново обвиниение.
Тој добил покана да се јави затоа што бил обвинет за кривчно дело „Неизвршување на судска одлука“. Не е познато кој му ја поднел кривичната пријава, а ОЈО Куманово веќе отворило постапка.
„Ваквите постапки не ме обесхрабруваат туку дополнително ме мотивираат да го демонтираме овој режимски систем. Ќе има и правда а ќе има и мир а непристрасните професионалци ќе добијат шанса да изградат и правен и функционален државен систем, напиша Димитриевски на „Фејсбук“.
