
Ново чудо на Феникс: Без странци и без најдобриот Македонец пак го совлада Пелистер!
Ова е второ изненадување на младиот тим по триумфот над битолчани во полуфиналето од Купот на Македонија. Скопјани апсолутно заслужено дојдоа до триумф, со оглед што го контролираа резултатот во најголем дел од натпреварот. Амар Хот беше најдобар кај победникот со 20 поени и 10 скока, додека одличен беше и Андреј Митревски со 15 поени и по седум скока и асистенции. Бобан Стајиќ со 24 поени и осум асистенции и Андреј Маслинко со 20 поени беа најистакнати кај зелено-белите.
Решавачката трета средба ќе се игра викендов во Битола, исто како и таа меѓу ТФТ и Еуро Никел, но во Скопје. МЗТ Скопје веќе е во полуфиналето по втората по ред победа над Кожув, а утре се игра вториот меч од серијата помеѓу Гостивар и Работнички (1-0).
ФОТО: Фејсбук-страница на КК Пелистер

