Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новите тутунски здруженија бараат зголемување на цената на тутунот за 35 отсто
Македонија

Новите тутунски здруженија бараат зголемување на цената на тутунот за 35 отсто

11/03/2023

AA

За преку 35 отсто треба да се зголеми цената на тутунот за да има реална исплатливост и повисоки цени за новата реколта. Понуденото зголемување за 20 отсто нема да донесе повисоки цени, зашто 60 отсто од родот се проценува во втора класа, сметаат новоформираните тутунски здруженија. Реагираат дека, наводно, им се нудат договори претходно потпишани.

Васко Јосифовски од тутунското здружение „Тутунска надеж“ изјави дека зголемувањето од 20 отсто што го бара Сојузот на земјоделските здруженија нема реално да ја зголеми цената на тутунот.

-Новоформираните здруженија и здружението „Тутунска надеж“ сметаме дека не може ништо да се постигне со предложеното зголемување од Сојузот на земјоделските здруженија за 20 проценти. Тоа зголемување може да доведе тутунарите на крајот да завршат со намалена просечна цена од 277 денари, а не зголемена. Ова е вака, зашто процентуалната застапеност на тутунот, според класи, е дека 60 отсто оди втора класа, 15-тина проценти во прва и останатото во трета класа. Имајќи предвид дека чинењето на производството на тутун е 240 денари, плус околу 30 проценти некаква заработувачка, минимална, за тутунопроизводителот, тогаш ќе добиеме цена од 312 денари за килограм. Говориме за нормална проценка, знаејќи дека зголемувањето на цените на тутунот не смеат да бидат под 35 до 40 проценти за да имаме реална проценка и колку толку заработувачка и задоволни тутунопроизводители, рече Јосифовски.

Според него дека дел од тутунарите добиваат веќе потпишани договори без можност да одбијат.

– Односот на откупувачите денови е таков при што многу тутунари добиваат веќе потпишани договори, со иницијали, без можност да ги одбијат. Ги собираме податоците и ќе ги доставиме до Државниот земјоделски инспекторат, вели Јосифовски.

Моменталната цена на тутунот е 300 денари за прва, 240 за втора и 180 денари за трета класа. Во ек е подготовката за расадопроизводството за новата реколта. Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија упати апел до тутунарите да не ги потпишуваат договорите што им се нудат со досегашни цени и бара зголемување за 20 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy