Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новите оклопни возила на Армијата ја покажаа својата моќ – презентација на возилата JLTV
Македонија

Новите оклопни возила на Армијата ја покажаа својата моќ – презентација на возилата JLTV

21/06/2023

AA

Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип пред министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, американската амбасадорка Анџела Агелер и пратеници во Собранието на Република Северна Македонија беа презентирани новите оклопни возила од типот JLTV кои се составен дел на арсеналот на Армијата.

Армијата во моментов располага со 32 вакви возила од американско производство, а набавени се во рамки на процесот на модернизација и опремување на македонската Армија кој вклучува набавка и на оклопни транспортери од типот Stryker, нови системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи, нови повеќенаменски хеликоптери и друга опрема со која се зголемува безбедноста на државата и колективната безбедност на Алијансата.

Министерката Петровска пред присутните истакна дека македонската Армија долго време беше оставена и без поддршка со низок војнички стандард без доволно средства за одржување а камоли нејзин развој и опремување, а дека денеска зборуваме за современо вооружување

„Пред десетина години главни предизвици беа војничките чизми и униформи, превозот, исхраната, денес, денес тоа се редовни набавки за кои зборуваме како да ги подобриме, а не дали ќе ги подобриме. Денес зборуваме и планираме набавки на лесни оклопни возила, нови оклопни транспортери, нови системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи, нови хеликоптери и многу современо вооружување“, рече министерката.

Петровска порача дека продолжуваат инвестициите и во опрема, но и во човечки капитал и најави дека наскоро ќе започнат консултациите за новите измени во Законот за служба во Армијата кои дополнително ќе го подобрат стандардот на армиските припадници.

“Колку ја сакаме државата покажуваме со инвестициите во одбраната и во опрема и во вооружување, но и во човечки капитал. Наскоро ќе започнат консултации со синдикатите за новите измени за Законот за служба во Армијата со кои ќе одговориме на предизвиците и уште повеќе ќе ги унапредиме условите за работа и живот на припадниците на македонската Армија. Затоа што припадниците на Армијата тоа го заслужуваат, тие не се плашат да одговорат на секоја задача затоа што за нив нема пречка, има само предизвик, а мене вие припадниците на Армијата ми давате сила да истраам во нашата заедничка мисија – горди на Армијата”, истакна Петровска.

Министерката им се заблагодари на членовите на интегрираниот проектен тим за посветеноста во реализацијата на овој проект, како и на амбасадорката на САД и на нашите американски сојузници со кои заедно ја градиме безбедноста, а со тоа и иднината.

Генералот Ѓурчиновски во своето обраќање истакна дека со ставањето во оперативна готовност на  добиените лесни оклопни возила, како и современите средства кои се очекува да пристигнат во понатамошниот период значително се подобрува оперативната способност и борбена готовност на Армијата. На припадниците од 2 пешадиски баталјон во чиј состав се овие современи борбени средства им оддаде признание за остварените резултати и им порача да ги достигнат потребните стандарди во обуката и одржувањето на овие средства.

Амбасадорката Агелер им честиташе на министерката Петровска и граѓаните на Северна Македонија за набавката на овие возила кои се значајни за интероперабилноста во НАТО и за процесот на модернизација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат,

19/09/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори,

19/09/2026
Македонија

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА • „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО

19/09/2026
Македонија

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот

19/09/2026
Македонија

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен

19/09/2026
Македонија

ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е

19/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45683
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕСЕНТА ЌЕ ПОЧНЕ КАКО ШТО Ѝ ДОЛИКУВА Наутро студено, до пладне сончево, попладне дождливо

19/09/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има повремени

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат, нека го критикуваат, нека кажат

19/09/2026

Движењето ЗНАМ денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од партијата во изминатите две

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА АВТОБУСИ И ЗА КАМИОНИ Под

19/09/2026

Јавен обвинител од ОJO Скопје поднесе oбвинителен предлог против 6 лица за продолжени кривични дела Фалсификување исправа, од член 378

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy