Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новите клинички податоци за уредот Vuse го потврдија позитивното влијание врз јавното здравје на производот со намален ризик
Македонија

Новите клинички податоци за уредот Vuse го потврдија позитивното влијание врз јавното здравје на производот со намален ризик

09/06/2023

AA

Новите резултати на една од досега најголемите студии за е-цигари која го анализираше водечкиот бренд на БАТ, Vuse, се објавени во весникот Интерна и итна медицина.

Студијата ги споредува клиничките мерења помеѓу потрошувачите кои исклучиво користат Vuse и пушачите. Резултатите од студијата покажуваат дека учесниците кои користеле Vuse во споредба со пушачите, имале поповолни разлики во биомаркерите за изложеност (BoE) и биомаркерите за потенцијална штетност (BoPH) релевантни за болести поврзани со пушењето.

Корисниците на Vuse покажаа значително ниски биомаркери за изложеност на примарни токсини од чад од цигари според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО) . Податоците исто така покажаа поволни разлики помеѓу корисниците на Vuse и пушачите во сите измерени биомаркери за потенцијална штетност, од кои три беа статистички позначајни.

Д-р Џејмс Марфи, директор за истражување и наука во БАТ, изјави: „Употребата на електронски цигари станува сѐ повеќе важна, бидејќи возрасните пушачи сѐ повеќе бараат алтернативни никотински производи со намален ризик. Резултатите од оваа студија се важни за Vuse, БАТ и потрошувачите, затоа што ни овозможуваат подобро разбирање за позитивното влијание на е-цигарите во споредба со пушењето. Истражувањето покажува јасна разлика помеѓу корисниците на Vuse уредот во споредба со пушачите и дополнително ја потврдува улогата на електронската цигара во намалувањето на штетите од пушењето. Би сакал да им се заблагодарам на сите кои учествуваа и помогнаа во реализацијата на оваа студија. Ова е уште еден важен чекор напред на нашиот пат кон градење на Подобро утре (A Better TomorrowTM)“.

Електронските цигари се најмногу истражувани и прифатени алтернативни тутунски и никотински производи во светот. Научните податоци на БАТ за е-цигарите се објавени во повеќе од 80 рецензирани списанија и придонесуваат за доказите кои ја поддржуваат улогата на оваа категорија во намалувањето на штетност од тутунот. Иновативната „вкрстена студија“, која е една од најголемите студии за е-цигари, обезбедува клучни сознанија за влијанието врз здравјето при нивна употреба.

Vuse е водечки глобален бренд за е-цигари врз основа на пазарниот удел и прв глобален јаглеродно-неутрален бренд на е-цигари. Vuse е достапен на 33 пазари, со над 10 милиони потрошувачи во целиот свет.

Повеќе за студијата

Клиничката студија на корисници на Vuse, пушачи, поранешни пушачи и оние кои никогаш не пушеле, обезбедува сеопфатна анализа на 17 биомаркери за изложеност (BoE) на примарни токсини од чад од цигари, биомаркери на потенцијална штетност (BoH) и физиолошки мерки релевантни за кардиоваскуларни состојби, респираторни заболувања и рак.

Во студијата учествуваа лица од Обединетото Кралство, на возраст помеѓу 19 и 55 години и со добро општо здравје. Беа вклучени и проучувани четири различни групи:

1. Сегашни пушачи кои пушеле најмалку една година пред скринингот
2. Потрошувачи кои користат Vuse (ePod и/или ePen3) најмалку шест месеци
3. Поранешни пушачи кои престанале да пушат најмалку шест месеци пред скринингот
4. Учесници кои никогаш не пушеле

Сите учесници беа тестирани за уринарен котинин, биомаркер за изложеност на никотин и издишан јаглероден моноксид, за да се утврди нивната консумација на никотин и статусот на пушење. Потрошувачите кои користат Vuse и поранешните пушачи беа тестирани за биомаркер CEVal, за да се потврди дека не пушеле цигари во претходните шест месеци.

Покрај широкиот опсег на проценети BoE и BoPH, уште една предност на дизајнот на оваа студија беше релативно големиот број учесници (n-213 регрутирани), поголем од која било претходна студија за е-цигари од овој тип.

За разлика од лонгитудиналните студии каде учесниците извршуваат повеќекратни посети на клиника во подолг временски период, учесниците во оваа студија еднаш посетија клиника во текот на ноќта каде што испитувачите го анализираа нивниот здив, урина и крв за да ги измерат BoE и BoH, а направени се и други клинички мерења релевантни за здравјето.

Учесниците во студијата користеле сопствени Vuse производи и марки на цигари, користејќи ги со вообичаен интензитет во текот на 24-часовниот период на истражување. Шемата на употреба и вкупната потрошувачка на учесниците не беа контролирани во текот на студијата, бидејќи целта беше да се проценат измерените ефекти кај луѓето што ги користат производите на нивниот „нормален“ начин, а не на контролиран начин.

* Врз основа на тежината на доказите и претпоставката за целосно прекинување на пушењето цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност.

Студијата се фокусираше на корисници кои сами се пријавија, а кои исклучиво ги користат комерцијално достапните производи Vuse ePod или Vuse ePen3. Оттука, упатувањата на „Vuse“ во контекст на студијата значат или Vuse ePod или Vuse ePen3.

Штетни и потенцијално штетни состојки во тутунските производи и чадот од тутун: Воспоставен список | FDA

Студиска група на Светската здравствена организација за контрола на тутунот. Извештај за научната основа за регулирање на тутунски производи: Петти извештај на студиската група на СЗО, 2015 година.

Врз основа на проценетата вредност на уделот на Vype/Vuse од препорачаната малопродажна цена во измерената малопродажба на електронските цигари (т.е. вкупната вредност на категоријата на електронски цигари во малопродажба) во САД, Канада, Франција, Обединето Кралство, Германија. Овие пет пазари сочинуваат околу 77% од глобалната нето-продажба на електронски цигари со затворени системи (NTO), пресметана за периодот од јуни до јули 2021 година.

Врз основа на интерната прогноза за продажба на Vuse Go, Vuse ePod, ePen, eTank mini, Alto уреди и потрошни материјали (пресметано во март 2022 година) за период од 12 месеци почнувајќи од април 2022 година. Vuse ќе ги намали своите емисии на јаглероден диоксид за приближно 55% (од март 2023 година) преку своите интерни иницијативи за одржливост од лансирањето во 2019 година и сега го надомести преостанатиот дел од околу 45%.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy