Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИНЖЕНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Владата озаконува паушални фактури за струја
Економија

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИНЖЕНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Владата озаконува паушални фактури за струја

18/04/2025

AA

Со сериозни критики кон најавените измени во Законот за енергетика, Инженерите
на Република Македонија алармираат дека Владата планира да озакони пракса на
паушално, односно проценето, фактурирање на струјата. Наместо сметки засновани
на реална, измерена потрошувачка, граѓаните ќе плаќаат според претпоставки –
што, според инженерите, може да резултира со сериозна финансиска штета по
нивниот семеен буџет. Новиот предлог-закон, кој на 22 април влегува во
собраниска процедура, предвидува контроверзни одредби за кои од ИНРМ бараат
итно укинување, со цел да се заштити јавниот интерес и правото на фер
пресметка.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Апелираме до пратениците и Министерството за енергетика да
ги отстранат некоректните одредби од предлог Законот за енергетика за да се
обезбедат фер, прецизни и транспарентни фактурирања, исклучиво врз основа на
реално измерена потрошувачка на електрична енергија. Граѓаните не смеат да
бидат жртви на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници
денари за нивниот семеен буџет, порачуваат од ИНРМ(Инженери на Република
Македонија.

Во новиот Предлог-закон за енергетика, кој на 22 април
влегува во собраниска процедура, Владата предлага контроверзни одредби со кои
се овозможува издавање на фактури за потрошена електрична енергија врз основа
на претпоставена, а не реално измерена потрошувачка, велат од ИНРМ.

Со вакви измени се озаконува досегашната практика на
паушално фактурирање, која стана особено проблематична по воведувањето на
ценовните блокови за скапата струја од 1 јули 2022 година. При нередовно читање
на броилата, потрошувачите неретко се распределуваат во погрешни ценовни
блокови, што резултира со зголемени сметки и неоправдани наплати.

Нашите пресметки покажуваат дека дури и ±10% грешка при
проценката на потрошувачката може да предизвика разлика во наплатата до 8.000
денари годишно по домаќинство. Со оглед дека во државата има 598.632
домаќинства, а ЕВН располага со 915.492 броила, ова претставува сериозен удар
врз џебот на граѓаните и можност за милионски профити на штета на јавниот
интерес.

Иако Регулаторната комисија за енергетика веќе потврди дека
ваквите проценки носат штета за потрошувачите и започна процес за измени на
Правилата за снабдување со електрична енергија, Владата оди во спротивна
насока. Со одредбите во Глава VIII од новиот закон – иронично насловена
„Заштита на потрошувачите“ – се предвидува озаконување на паушалното
фактурирање преку член 185, став 2 и став 4, точка 2.

Особено загрижувачки е што Владата го носи законот со
европско знаменце, повикувајќи се на усогласување со ЕУ директивата CELEX:
32019L0944, која никаде не предвидува дозвола за фактурирање со претпоставена
потрошувачка. Дополнително, овие одредби не се содржани ниту во претходните
верзии на законот објавени на платформата ЕНЕР.

Апелираме до пратениците и Министерството за енергетика да
ги отфрлат овие одредби и со амандмани: да се избрише став 2 од членот 185, а
од ставот 4, точка 2, да се отстрани вториот дел од реченицата.

Бараме фер, прецизно и транспарентно фактурирање, исклучиво
врз основа на реално измерена потрошувачка. Граѓаните не смеат да бидат жртви
на проценки и математички грешки што причинуваат штета од илјадници денари за
нивниот семеен буџет. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy