
Новиот тренер на Хајдук внесе играч во 72., го извади во 84. минута!
Хајдук го доби мечот со гол од пенал на Ливаја пред самиот крај на првото полувреме.
Тренерот на гостите, Мислав Кароглан во 72. минута во игра покрај нашиот Трајковски го внесе и Иван Долчек.
Но, само 12 минути подоцна реши да го извади од игра Долчек со што го понижи фудбалерот кој беше бесен на ваквата чудна тренерска одлука. Oдејќи накај клупата тој искажа незадоволство, фрлаше дел од опремата и неврозно зборуваше.