Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИОТ ОБВИНИТЕЛ ТРЕБА ДА ИСТРАЖИ КАКО 2 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ДО БЛАЦЕ ЗАВРШУВААТ ВО АМБИС Тоа е најскапиот автопат во Македонија
Македонија

НОВИОТ ОБВИНИТЕЛ ТРЕБА ДА ИСТРАЖИ КАКО 2 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ДО БЛАЦЕ ЗАВРШУВААТ ВО АМБИС Тоа е најскапиот автопат во Македонија

29/01/2026

AA

Изградените два километра од автопатот Скопје-Блаце не почнуваат од никаде и не завршуваат никаде, затоа и не можат да се пуштат и по нив да има безбеден сообраќај, рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски, одговарајќи на пратенички прашања на Илир Хасани, пратеник од Европскиот фронт.

Николоски посочи дека двата километра завршуваат буквално во амбис и затоа не можат да се пуштат.

– Но, тие два километра, претпоставувам често патувате кон Косово и знаете дека не почнуваат никаде, не завршуваат никаде, односно јавноста треба да знае дека ако тоа го сметаме за почеток на автопатот, тие два километри не почнуваат на граничниот премин, туку доколку возите од Скопје за Приштина тие почнуваат десно или источно од граничниот премин и не се поврзани со граничниот премин. Тоа е првиот проблем, а Косово од нивна страна го изгради автопатот до граничниот премин, што значи дека, не да е промашена трасата, комплетно е промашена – вели Николоски.

Тој додаде дека треба да се направи и приклучок со постојниот граничен премин на Блаце, бидејќи како што рече „ваерлес приклучоци уште не се измислени во патнички сообраќај и потоа каде што завршуваат овие два километра треба да ги приклучуваме на стариот пат и нема како, затоа што ви кажав дека одат во провалија, односно во дупка“.

Министерот за транспорт и врски Николоски истакна дека проблемот е надминат со помош на стручни консултантски куќи и во моментов тендерот за избор на изведувач е во финална фаза.

– Јавното претпријатие за државни патишта својата работа ја заврши. Избран е потенцијален изведувач, за кој што Јавното претпријатие смета дека е најдобар. Инаку имаше 11 понуди и сега одлуката е испратена во Лондон, во седиштето на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), од каде треба да дадат потврда на овој избор, имајќи предвид дека средствата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој и дел од тие средства се грант и такви се правилата на ЕБРД, кога користите нивни средства да се оди по нивниот систем за јавни набавки, какква и да одлука донесете на крај Европската банка за обнова и развој истата да ја потврди. Би сакал да апелирам до ЕБРД побрзо да донесат одлука, имајќи предвид дека Јавното претпријатие за државни патишта уште во текот на декември месец ја заврши работата и чекаме да добиеме одговор – рече Николоски.

Министерот за транспорт и врски, Николоски образложи зошто автопатот „почнува никаде и завршува никаде“.

– Претпоставувам знаете, ако не знаете прашајте кај претходниот директор на ЈПДП, од вашата политичка партија беше, дека тие два километри беа тендерирани на 14 милиони евра, ама на крај се платија 28 милиони евра. По нашиот Закон за јавни набавки, значи тие се работени по македонскиот Закон за јавни набавки не врз основа на договори со било кои други финансиски институции, максимално што можете да добиете на анекс е 20%, овде е отидено на анекс од 100%, односно сумата од 14 милиони евра станува сума од 28 милиони евра, што го прави убедливо најскап автопат од сите што се градат во моментов во државата – вели Николоски.

Тој додаде кога се поминува можат да се забележат косини, што се заштитени со едни зелени заштити и како што рече „ви е јасно зошто се дадени толку пари, кога едноставно можело патот да биде по западно поместен, а не источно каде што е сега, да ја следи трасата на реката Лепенец и да не се трошат толку пари, колку што се потрошени“.

– Сега можеби една од причините е што толку се платило на една компанија, којашто се вика Еуро ком лајтниг и којашто сосема случајно баш во истиот период кога се потпишува анексот на договорот за изградба на овие два километри на Скопје-Блаце купува хотел на Попова Шапка за 55.000 евра, со 55. 000 евра во Скопје гарсоњера не можете да купите, ама овие купиле хотел на Попова Шапка. И случајно мислам дека го знаете сопственикот на компанијава се вика Сулат Алија ваш член, пријател, долгогодишен претседател на ФК „Шкупи“. Така што тој е човекот којшто случајно го купува хотелот на Попова Шапка, баш во истиот момент кога се потпишува дупли договор за изградба на овие два километри – рече Николоски.

Тој се надева дека за брзо време ќе има нов обвинител и оти сите документи се доставени во Обвинителството.

– Ама за жал досегашниот работеше, како што работеше. За да не ги бара по архива, пак ќе му ги препратиме за да може веднаш да работи – рече Николоски.

Николоски истакна дека на претходна седница на пратенички прашања ги кажал четирите компании кои сосема случајно купувале земјиште од приватни лица по трасата на автопатот Скопје-Блаце и какошто рече компаниите биле блиски до партијата ДУИ, додека биле на власт. Тој додаде дека токму по таа траса и Управниот суд, чиј претседател е од политичката партија на пратеникот Хасани пресудил дека токму на таа траса треба да има бензинска пумпа.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy