Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИОТ ГАЗДА СЕЛАУДИН АРИФИ СЕ НАЈДЕ НА ТЕШКИ МАКИ – еве колкава загуба „лапна“ заедно со „Жито Караорман“
Економија

НОВИОТ ГАЗДА СЕЛАУДИН АРИФИ СЕ НАЈДЕ НА ТЕШКИ МАКИ – еве колкава загуба „лапна“ заедно со „Жито Караорман“

07/08/2023

AA

Откако ја купи „Жито Караорман“ од Кичево, доминантниот газда на млинско-пекарската компанија, Селаудин Арифи, по се изгледа дека се најде на тешки маки, па можеби во блиска иднина бизнисот нема да му оди мазно, бидејќи се соочува со глеми загуби во работењето
на својот нов бизнис. 

Имено, компанијата во првото полугодие од годинава прикажува прилично тешка
загуба од над 318 илјади евра, што е сериозно негативен финансиски резултат,
откако во истиот период ланската година, истата оваа фирма, која тогаш не беше
негова, туку тој таму беше само помал акционер, работела со добивка, иако не толку
висока, односно била на сума од 41 илјади евра
.

Што покажува Билансот на успех на компанијата.

Имено, компанијата остварила солидни оперативни приходи од 775 илјади евра,
што е за дури 49 отсто повеќе од претходната година, што значи подобрување на
приходната страна. Најголем дел од овие приходи се оние остварени од продажбата на домашниот
пазар, кои се на износ од 742 илјади евра, што е исто така пораст за 43
проценти. И, само мал дел отпаѓа на останати оперативни приходи.

Но, ако приходите пораснале солидно, расходите поераснале многу повеќе. Па така, во првото полугодие од годинава тие достигнале 1,1 милиони евра,
што е раст за 130 проценти, односно многу повеќе од порастот на приходната
страна.

Најголем дел од овие расходи, на сума од 550 илјади евра, се набавната
вредност на трговските стоки, додека, пак, најголем пораст, од фантастични
1.649 проценти, има кај услугите со карактер на материјални трошоци.

Инаку, во првите шест месеци од годинава друштвото немало финансиски
приходи, додека, пак, имало финансиски расходи од 40 илјади евра.

„Високите
расходите во овој период се должат на сеуште високите цени на енергијата
потребна во процесот на работа и сеуште намалената функција на мелницата поради
тоа, односно производство на брашно од сите типови“, напишале од компанијата во своето образложение на Билансот
на успех.

Како што додаваат, дивидентата со одлука на Собрание на акционери оди за покривање на
стари загуби.

„Во
однос на вложувањата за нови материјални средства (машини и опрема) во овој
период значајно е да се напомене дека се изврши комплетна реконструкција на
ферментационата комора во износ од 1.537
илјади денари (25 илјади евра н.з.), и
во наредниот период се очекува зголемување на квалитетот на финалните производи
и заштеда на енергија во самиот процес на работа. Во престојниот период исто
така се очекува зголемување на приходите со оглед на фактот дека се набавија
поголеми количини на пченица и мелницата се очекува да работи со зголемен
капацитет“, објасниле од
компанијата, со што пракично најавуваат подобри денови за бизнисот.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од
акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции,
со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво.

Потоа тој стариот Одбор на директори го разреши, а на нивно место се именуваа нови директори на компанијата. Единствен човек што остана
од поранешниот одбор на директори е Слободан Јовески, кој всушност ќе биде
извршен член на одборот, што би значело дека ќе биде генерален извршен
директор. За други двајца неизвршни директори беа именувани Зоран Паневски и Арбиан
Бајрами.

Како што веќе објави Фактор, од Жито Караорман веќе јасно
објавија дека близу 51 отсто од капиталот на компанијата продал досегашниот
доминантен акционер Сретен Миладиноски, а тој акционерски пакет го откупил
Селаудин Арифи, 
кој беше помал акционер во компанијата. Тој сега поседува
вкупно 74,19 отсто од акциите во „Жито Караорман“, а тоа се оние 23,52 проценти
кои и претходно ги држеше, заедно со 50,67 отсто од акциите, кои ги докупи
преку блок трансакција.

Но, Арифи не се задржува само на овој акционерски пакет од три
четвртини, туку и на сите преостанати акционери им нуди целосно да ја преземе
компанијата „Жито Караорман“, односно да стане целосен сопственик со 100 отсто
од капиталот.

Селаудин Арифи, всушност е познат како газда на фирмата „АС
Сењак“, а според некои извори тој е близок со високи лица во ДУИ, една од
владејачките партии. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни
јавни набавки.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy