Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новиот газда ги сака сите акции во Мермерен комбинат Прилеп! Колку ќе плати?
Економија

Новиот газда ги сака сите акции во Мермерен комбинат Прилеп! Колку ќе плати?

13/02/2023

AA

Прилепската чаршија веќе плете приказни и лицитира за тоа колку платил новиот сопственик на акциите на прилепскиот Мермерен комбинат. Наскоро ќе има јавна понуда за откуп на сите слободни акции и реално ќе се знае пазарната цена на најголемата македонска компанија за експлоатација и обработка на мермер

ЕЦМ Партнерс, инвестициско друштво кое го превзема најголемиот комбинат за експлоатација на мермер во Македонија, ќе даде понуда за превземање на сите слободни акции во Мермерен комбинат Прилеп!

Ова е официјална информација која е објавена на Македонската берза за хартии од вредност во петок на 10 февруари, последниот трговски ден минатата недела.

Како што веќе објавивме, грчката компанија „Павлидис“ е целосен сопственик на фирмата Stone Works Holding Coöperatief UA со седиште во Холандија, која пак поседува 89 отсто од сите акции со право на глас во прилепската компанија.

Тоа значи дека новиот сопственик кој ја купи грчката компанија која досега го поседуваше прилепскиот Мермерен комбинат сака да го испочитува нашиот Закон за превземање компании и да даде понуда за да ги купи сите други акции кои ги поседуваат домашни и странски сопственици.

Станува збор за 75 домашни физички лица кои поседуваат помалку од 1 отсто односно околу 34.000 акции со право на глас во прилепската компанија. Воедно понудата ќе важи и за уште 10 отсто од сите акции кои се водат на грката „Пиреус банка“, но тоа не значи дека сите акции се на банка. Може да станува збор за старателски сметки, а акциите се на лица (правни, физички) кои не сакаат јавно да се знае дека тие се акционери во дадената компанија, во случајов тоа е прилепскиот Мермерен комбинат. Кај „Пиреус банка“ има околу 470.000 акции на прилепската компанија. Дали и тие ќе бидат продадени на новиот сопственик останува да видиме.

Каква цена за акција ќе понуди новиот сопственик ?

Тоа е најинтересното прашање. За лицата кои имаат акции во оваа компанија, но и за кулоарите на прилепската чаршија.
Засега никој официјално не може да каже која ќе биде цената што ќе ја понудат новите сопственици за секоја акција. Во избор се неколку опции.

Прво, која е минималната цена? Во овој случај тоа би било 2.500 денари за акција. Зошто? Затоа што според законската регулатива во ваков случај се вади просек на цена по која се тргувала таа акција за одреден период наназад од денот на објава на понудата. Во случај со Мермерен комбинат чија акција е крајно неликвидна и не мора тоа да биде случај. Затоа што последното тргување со таа акција е на крајот на октомври 2021 година. Тогаш биле истргувани 115 акции, а прометот бил помал од 4.700 евра.

Но, никој не го спречува новиот сопственик да понуди и друга цена доколку навистина сака да ги откупи сите други слободни акции. Секако таа цена може да биде повисока од 2.500 денари, да биде еднаква на цената за акција по која ја договорил зделката со грчки „Павлидис“ или да биде дури и повисока од таа цена.

Повеќе детали за информацијата за превземање на следниот линк https://faktor.mk/prilepchani-so-srekja-koj-e-noviot-gazda-na-mermeren-kombinat

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy