Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Новиот филм на Џони Деп ќе го отвори Канскиот филмски фестивал
Магазин

Новиот филм на Џони Деп ќе го отвори Канскиот филмски фестивал

06/04/2023

AA

 

Првиот голем филм на Џони Деп откога минатата година победи на мачното судење за клевета – костимирана драма во која тој го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти – ќе го отвори Филмскиот фестивал во Кан следниот месец, соопштија организаторите во средата.

Деп ја снимал француската драма Jeanne du Barry („Жана де Бари“) набргу по судењето, во кое поротата утврди дека неговата поранешна сопруга Амбер Херд го клеветела кога се опишала себеси во авторски текст во 2018 година во „Вашингтон пост“ како јавна личност жртва на семејна злоупотреба.

Филмот на француската режисерка Мајвен ја следи Жана Воберние, млада жена која од сиромаштија се издигна во круговите на кралот Луј Петнаесетти. Оваа жена од работничката класа ги користи својата интелигенција и харизмата за да се искачи на општествените скалила. Таа станува миленичка на кралот, кој, несвесен за нејзиниот статус на куртизана, преку неа го враќа својот апетит за живеење. Тие ќе се вљубат еден во друг и наспроти секоја пристојност и бонтон, Жана ќе се всели во Версај, каде што нејзиното доаѓање го скандализира дворот.

Деп го портретира кралот во филмот, чија светска премиера ќе биде во Кан на 16 мај.

Од истиот ден филмот ќе почне да се прикажува во француските кина.

Во драмата, која се фокусира на животот, подемот и падот на миленичката на кралот Луј Петнаесетти, самата режисерка го глуми истоимениот главен лик. Покрај Џони Деп, актерскиот тим ги вклучува Бенџамин Лаверне, Мелвил Пупо, Пјер Ришар, Паскал Грегори.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ ретко се појавуваше на настани или на телевизија по завршувањето на судскиот процес во јуни 2022 година. Сними неколку епизодни улоги за доделувањето на „Ем-ти-ви видео мјузик авордс“ и за модната ревија на Ријана, „Севиџ икс Фенти“.

Актерот се обидува да ја обнови својата кариера по извојувањето речиси целосна победа во правната битка во САД со поранешната сопруга Амбер Херд, која го обвини за семејно насилство. Деп негира дека ја удрил неа или која било друга жена. Две години претходно, Деп ја загуби тужбата за клевета во Британија против таблоидот „Сан“, кој го нарече тепач на сопругата. Набргу тој беше исфрлен од филмскиот серијал „Фантастични ѕверки“ и во голема мера беше избегнуван од Холивуд.

Престижниот Кански фестивал годинава ќе се одржи од 16 до 27 мај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy