Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИНИ И НОВИНИ…Николоски најавува нови авио линии, рекративно вештачко езеро, а за Градско – Дреново рече дека состојбата била очајна
Економија

НОВИНИ И НОВИНИ…Николоски најавува нови авио линии, рекративно вештачко езеро, а за Градско – Дреново рече дека состојбата била очајна

17/01/2025

AA

Во рекорден рок и успешно се завршени два експресни патишта Куманово – Страцин – Крива Паланка и делницата Градско – Дреново, што претставува доказ за посветеноста и работењето на Владата и создавањето на нова квалитетна патна мрежа. Ова вечерва го соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вестите на „Канал 5“.

Како што информира Министерството за транспорт, Николоски потенцираше и за бројните проблеми кои како министер ги наследи во реализацијата на овие два капитални проекти.

– Во рок од десет дена пуштивме 42 километри експресни патишта, нешто што досега не е видено во Македонија. На делницата Куманово – Страцин – Крива Паланка, од вкупно 25 километри на 16,5 километри немаше воопшто асфалт. Проектот беше во фаза на замрзнување, еден од изведувачите беше заминат од државата, воопшто немаше работници на терен, а повлечен беше и надзорот на проектот. Успеавме да ги вратиме изведувачот и надзорот и првпат во Македонија видовме работа во зимски услови или работа на ниски температури и работа на дожд. Практично работевме речиси 24 часа и на тој начин успеавме да го завршиме патот и мислам дека ова е прв проект во Македонија што е завршен во предвидениот рок, потенцира Николоски. 

Според него, во однос на Градско – Дреново ситуацијата била уште полоша.

– На отворањето покажав еден документ, тоа беше еден документ кој прв го добив кога станав министер. Таму ситуацијата беше очајна, недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши проектот. Косините воопшто не беа решени, имаше опасност да се спуштат две планини на трасата и изведувачот се спремаше за арбитража. Веќе имаше постапка со цел Македонија да оди на арбитража, значи ем да изгубиме арбитража, ем да немаме пат затоа што година и половина претходната Влада не сакала да потпише два адендуми со ЕУ, Адендум 3 и 4 би ги решиле овие прашања, не ја формирале потребната Комисија, појасни Николоски.

Ние ја формиравме Комисијата, за дваесетина дена тие почнаа да работат во август и веќе на 12 септември, како што рече, имавме потпишано се и ги обезбедивме овие средства.

– Затоа и амбасадорот кажа дека има национално кофинанисрање тие се тие средства. Таму рокот беше 31 јануари што значи дека завршивме некои петнаесетина дена порано, така што тоа беа проблемите. Јас сум тука да ги решавам проблемите, а не да се правдам или ако се правдам ќе бидам како сите претходни. Македонија со години, со децении нема завршено еден голем проекти и нема видено завршување на голем проект. Најлесно е да ги обвинувате претходнииците, најлесно е да ги раскинувате договорите и да одите по арбитражи, тешко е да се работи. Ние работиме и еве резултатите доаѓаат, истакна вицепремиерот Николоски.

Пуштање во употреба на првите 40 -тина километри од автопатот Кичево Охрид, изградба на мост на реката Вардар кај Велес, реконструкции на седум мостови по должина на коридорот 10 на железницата, реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром се дел од приоритетните проекти на кои ќе работиме оваа година. 

– За мене најубавиот проект се новите авио линии, каде за брзо ќе излеземе и со нови информации. Тука е секако и привршувањето на реализацијата на првото рекреативно вештачко езеро во Источниот дел на нашата држава – езерото Отиња над Штип. Таму рокот на реализација е крајот на 2026 година, планирано е да почне да се полни во 2027 година и до летото 2027 година да почне да се користи за туристички цели. И секако тука се проектите со општините, каде вкупно имаме некаде околу 350 милиони евра, кои како дотации преку Министерството ќе бидат дадени на општините за да ги решат најголемите инфраструктурни проблеми на граѓаните”- истакна вицепремиерот Николоски. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy