Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НОВИНАРОТ ГОРАН МОМИРОСКИ НАЈДЕ ДОМАТИ ОД 279 ДЕНАРИ – не се почитува владината одлука за замрзнати цени
Економија

НОВИНАРОТ ГОРАН МОМИРОСКИ НАЈДЕ ДОМАТИ ОД 279 ДЕНАРИ – не се почитува владината одлука за замрзнати цени

12/04/2023

AA

Новинарот Горан Момироски објави фотографија од еден продажен објект во Скопје, на кој може да се види дека таму домати се продаваат по 279 денари за килограм.

„Не забележав точно ама мислам дека патлиџаните се набавени со таен договор преку Бехтел и Енка, а национален координатор на набавката бил вториот премиер Аркан Мазни“, пишува новинарот на својот фејсбук профил.

Инаку, Владата, на својата вчерашна седница, донесе Oдлука со која се утврдува цена во висина: до 95 денари за  килограм свежи домати, до 95 денари за  килограм свежи краставици, до 70  денари за  килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95  денари  за  килограм грав, до 110  денари за  килограм леќа, до 75  денари за  килограм банани, до 60  денари за  килограм портокали, до 65  денари  за  килограм мандарини и до 60  денари  за  килограм лимони.

„Министерството за економија, како предлагач на Одлуката, соопшти дека врз основа на спроведените консултации со најголемите увозници на овошје и на зеленчук во Република Северна Македонија, како и имајки ги во предвид најновите податоци од Царинската управа, е утврдено дека увозната цена на одредени видови овошје и зеленчук е зголемена, поради претстојните празници. Ова, како што стои во образложението на Министерството, е причината, поради којашто се предлага измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, којашто стапи на сила на 3 април 2023 година, а со што цените на дел од производите опфатени во оваа Одлука се зголемуваат сразмерно на зголемувањето на увозната цена за нив. Зголемување на цената има кај свежите домати, свежите краставици, кромидот, свежите зелени пиперки, гравот, бананите, портокалите, мандарините и лимоните, додека за карфиолот се укинува ограничувањето на највисоката цена, а кај леќата цената останува непроменета“, соопштија од Владата. 

Ваквото ограничување на највисоките цени на овошјето и на зеленчукот во трговијата на мало, останува да важи до 30 април 2023 година.

Но, и по таа владина одлука, факт е дека во текот на денешниот ден домати не можеше да најдат во најголемиот дел од маркетите, ниту, пак, во многу од пиљарите.

На зелените пазари, пак, цената е повисока од максимално предвидената со владината одлука, и изнесува 120 денари. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy